Мени

Даниела ќе добие бесплатна правна помош

26.06.2013 09:06 | KumanovoNews

 Претставници од адвокатската канцеларија “Георгиевски“, вчера ја посетиле Даниела Бошковиќ која боледува од анорексија и карцином за да и обезбедат бесплатна правна помош.

Даниела ќе добие бесплатна правна помош

Ја посетивме во нејзиниот дом и врз основа на нејзиното овластување станавме правни застапници за понатамошни постапки и дејствија. Направивме стратегија и за бесплатно правно застапување пред институциите, како и обезбедување на парични средства, донации за неа и нејзините две малолетни деца - вели Христијан Георгиевски, адвокат.

Даниела побара помош од сите доборнамерни луѓе откако остана без социјална помош, а боледува од тешка болест и неспособна е за работа.