Мени

Деца од градинка посетија Полициска станица

06.12.2013 09:41 | KumanovoNews

 Во пресрет на 9  декември - Ден на превенција во полиција, децата од големите групи од градинката “Ангел Шајче“ ја посетија Полициската станица од општа надлежност Куманово. 

Деца од градинка посетија Полициска станица

Децата ги видоа полициските кучиња и возила. Со полициските службеници тие разговараа за своите познавања за безбедно движење во сообраќајот, за безбедноста во домот и за довербата во полицајците. Децата на полицајците им подарија фигури полицаец, слики и честитки, а полицајците нив им подарија чоколади, боенки и боици.- соопштуваат од Полицијата.

Соработката помеѓу децата и полицијата започна уште во ноември, кога децата цртаа на тема “Мојот пријател - полицаец“ и од нивните цртежи беше направена изложба во СВР Куманово.

Вакви активности се практикуваат секоја година со цел децата да имаат доверба во полицајците како нивни заштитници и пријатели.