Деца засадија цвеќе во двор на градинка
22.04.2013 10:20
| KumanovoNews
Децата од објектот “Развигорче“ во градинката “Ангел Шајче“, денеска засадија цвеќе во дворот по повод Денот на планетата земја.
Децата донесоа цвеќе од дома, a почвата е подготвена за садење. Засадивме цвеќе и ќе го полеваме со вода. Кај децата е развиена еко свеста и знаат дека природата треба да се чува, да не се уништува тревата, шишињата од пластика да се фрлаат во контејнери за рециклирање. Ние сме еко градинка, со добиено зелено еко знаменце и континуирано работиме на подигање на еко свеста кај децата - велат Ѓурѓица Димитриевска и Снежана Стефановска, воспитувачки во градинката.
Тие објаснуваат дека неодамна заедно со децата организирале посета на Пречистителна станица во населба Доброшане.