Децата без родители добија пакетчиња
40 деца без родители сместени во згрижувачки семејства, добија пакетчиња од градоначалникот.
Tој им посака многу здравје, среќа и успех во Новата година.
Во име на граѓаните, мое лично име и во име на Советот на Општина Куманово ви ја честитам Новата година, ви посакувам подобри услови за живот и безгрижно детство. Оние кои се грижат за вас да имаат стимул за понатамошно ваше воспитување, да бидете рамноправни граѓани на Македонија пред се на Општина Куманово. Особено на вас кои се грижите за овие деца ви посакувам здравје, среќа и сила за да успеете во вашата хумана мисија - изјави Дамјановски.
Наџие Мусафа, раководител на одделение брак и семејство во Центарот за социјални работи Куманово вели дека интересот за згрижување на деца се зголемува. Децата без родители главно се згрижуваат кај блиски роднини, но и во згрижувачко семејство.
Од август имаме повеќе семејства што згрижуваат деца со посебни потреби. За дете школска возраст се добива 7.500 денари, а за деца со пречки во развој е 8000, плус 4000 денари посебен додаток и заедно со детски додаток сумата е околу 13.000 денари. За децата од предшколска возраст се исплаќаат по 6.800 денари - вели Мустафа.
Таа додава дека во Куманово има стотина деца без родители и родителска грижа кои се ставени под старателство.