Децата без родители добија пакетчиња од Општината
Триесетина деца без родители и група деца од ромска националност од локалната самоуправа Куманово и добија новогодишни пакетчиња. Дедо Мраз во просториите на Општината им ги додели новогодишните подароци.
Како и секоја година, така и оваа година локалната самоуправа заедно со градоначалникот подарува пакетчиња за сите деца кои што заслужуваат помош од Општина Куманово. Денеска се тука децата без родители од Центарот за социјални работи, ги има околу триесетина, има два Дедо Мразовци, а понатаму ќе дојдат и деца од ромска популација за кои исто така градоначалникот има предвидено пакетчиња. Ова го работиме секоја година и се надеваме дека и во иднина така ќе биде. Ја користам приликата на сите дечиња од Општина Куманово да им ја честитам Новата година - изјави Лидија Ланг од секторот за урбанизам во Општина Куманово.
Овие деца се сместени во згрижувачки семејства. На територија на Општина Куманово има осум згрижувачки семејства кои засега добро функционираат. Наџије Мустафа од Центарот за социјални работи се заблагодари на локалната самоуправа, бидејќи со овој гест им ги разубавуваат празниците на децата без родители и родителска грижа.