Децата славеа на Градскиот плоштад
Ученици од основните училишта и помалите дечиња, денеска со културно - забавна програма славеа Нова година на Градскиот плоштад и добија подароци од Дедо Мраз.
Едночасовната програма имаше рецитаторски, ритмички точки, забава, музика за најмалите кои на Градскиот плоштад дојдоа со најблиските или наставниците. Нив среќна Нова година им посака градоначалникот Зоран Дамјановски.
Како и секоја година дочекот на Нова година го почнуваме со најмалите, најмилите за нас и вас, нешто што е иднина на овој град и секогаш тука имаме пригодна претстава за малите дечиња. Почитувани присутни, помина една година во развој на Куманово, доста труд и мака е вложен за просперитет на овој град. Нека Новата година ни донесе здравје,среќа, успех на личен план , на учениците многу успех на училиште, да Куманово се гради и развива бидејќи го заслужуваме тоа - изјави Дамјановски.

Оваа традиционална прослава ја организираше локалната самоуправа.