Децата учат за своите права
05.12.2012 09:10
| KumanovoNews
Во ОУ “Крсте Мисирков“ вчера беше организирана презентација за правата на децата и како да препознаат и решат конфликти.
Презентацијата уследи по активностите и семинарите на наставниците во изминатиот период.
Нашата цел е децата да се запознаат со нивните права, а воедно и да научат како треба да се разрешуваат конфликтите меѓу нив. Од нашите сознанија стекнати во текот на работењето гледаме дека меѓу децата постои насилство, како физичко, така и психичко. Тие треба да научат како да го искоренат ова насилство или барем да се намали - изјави Хилда Димитриевска, одделенски наставник.
На презентацијата имаше и форум театар за проблематиката да им се доближи на децата и полесно да ја разберат.