Дедо Мрaз на мотор ќе донесе подароци за децата
20.12.2012 10:26
| KumanovoNews
Членовите на мото клубот “Мечки“ утре во 11 часот организираат хуманитарна акција за децата со посебни потреби.
Тие облечени како Дедо Мраз со своите мотори ќе тргнат од пред „Бајкер Паб„ кон Центарот за деца со посебни потреби, кај Чик. Моторџиите на децата ќе им поделат подароци и ќе се дружат со нив за да им ги разубават денот и празниците.
Оваа акција ја организираат секоја година и сметаат дека децата со посебни потреби заслужуваат повеќе внимание и подобри услови.