Дедо мраз пристигна и во „ФЗЦ 11 Октомври„
28.12.2010 11:07
| KumanovoNews
Популарниот Дедо мраз вчера со полна вреќа новогодишни подароци ги израдува и дечињата на работниците на Фабриката за заварени цевки и и профили „11 Октомври„.
Децата беа почестени со пакетчиња и топла средба со белобрадиот волшебник Дедо мраз, а за нивните дедовци, татковци и мајки со топол чај или грејана ракија. Веќе ништо не е како што некогаш било, па овој пат наместо средбата на децата со Дедо мраз да се одигра во ресторанот на ФЗЦ - беше приредена во зградата на поранешниот Општински комитет. Оваа малечка срамежливка во прегратката на Дедо мраз некако одвај не удостои да ја сликаме за Кумановоњуз.