Мени

Дедо мраз со падобран ќе ги донесе подароците

28.12.2010 08:44 | KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово утре напаладне со падобран ќе се спушти Дедо Мраз.
Дедо мраз со падобран ќе ги донесе подароците

Тој заедно со Баба Зима ќе подели пакетчиња, слатки и бомбони на дечињата од градот. Прославата на Нова година за најмладите ќе започне во 11.30 часот, а ќе настапат повеќе музичко-балетски групи и пејачи од фестивалот Детелинка. Присутните дечиња ќе ги поздрави и градноачалникот и ќе им ја честита Новата година.