Дефекти на водоводната мрежа на три улици
07.05.2013 08:25
| KumanovoNews
На три улици во градот снабдувањето со вода утрово е прекинато, заради дефекти.
Вода немаат граѓаните од улиците “Октомвриска револуција“, “Тоде Мендол“ и “Бајрам Шабани“.
Од ЈП“Водовод“ велат дека веќе се работи на терен и дефектите ќе бидат отстранети за неколку часа.
Други прекини во меѓувреме не се забележани.