Мени

Делегација од Бурса ја посети Општина Куманово

30.05.2013 12:09 | KumanovoNews

  Делегација од Јелдерим, Бурса, три дена е во посета на економското училиште “Перо Наков“ и тие денеска ја посетија Општина Куманово.

Делегација од Бурса ја посети Општина Куманово

Гостите од Бурса ги прими секретарот на Општина Куманово,  Валентина Алексовска која им објасни како по децентализацијата образованието функционира под капа на општината. Гостите дадоа предлог нивната општина да се збратими со Општина Куманово.

 Ние веќе сме збратимени со градот Чорлу од Турција. Тоа е многу убава идеја. Ќе му пренесеме на градоначалникот и сигурна сум дека ќе прифати. Убаво е градоначалниците да се сретнат и да потпишат меморандум за соработка, кој ќе биде иницијатива за понатаму за збратимување - рече Алексовска.

Момчило Антевски, директорот на “Перо Наков“ објаснува дека се збратимени со училиште од Јелдерим и нивни професори пред месец дена биле во посета на Турција, а сега партнерите се на гости во Куманово.

Дојдени се претставници од повеќе училишта, од општината, од образование, бизнисмени. Работната посета од три дена завршува денеска и тие заминуваат за Косово. Целта на посетата е размена на искуства и соработка. Понатаму може да правиме и размена на ученици, зошто да не - вели Антевски.

Турците ги посетиле средните училишта во Куманово и сметаат дека сите ученици треба да имаат подеднакво добри услови за учење.

Целта е овие училишта да бидат посилни и повеќе да соработуваат. Со посета на вашите професори во Турција културно се зближуваме. Во нашите училишта се учи многу, се студира многу - изјави Неждат Сезер, началник на сектор за образование во Општина Јелдерим.

Од турската делагација кажаа дека во Бурса живеат 3 милиони луѓе од кои 65 отсто се доселени од Балканот.

Тие од општината на подарок добија македонско вино и монографија за да се сеќаваат на Куманово.