Мени

“Делии“ собраа 1000 евра на хуманитарен концерт

24.03.2014 09:50 | KumanovoNews

 Фондацијата “Делии“ и културно-информативниот центар СПОНА, синоќа оддржа хуманитарен концерт во Куманово.

“Делии“ собраа 1000 евра на хуманитарен концерт

 На концертото настапија: “Косовски божури“, квартетот Еспресиво, КУД “Вук Караџиќ“ од Кучевиште, пијанистката Маја Стојановиќ и ученици од едукативниот центар “Нана“ во Куманово. Собрани се 1000 евра за помош на сиромашните на Косово и за болното дете Никола Вулетиќ.

Презадоволни сме од концертот и од бројката на посетители која ја имаше и енергијата која во моментот се чувствуваше во салата. Секако вакви концерти ќе продолжат и во други градови во Македонија - вели Емил Ташевски од фондацијата “Делии„.

Од Спона сматаат дека сите кои дошле да помогнат направиле голем хуман гест.

Српската заедница, која е многу исполитизирана, сепак дојде да поздрави еден уметнички израз на “Косовските божури“ од Србија и на овдешните уметници кои заедно дадоа свој придонес. Можеби фондот е симболичен, меѓутоа утврдивме едни темели кои сигурно враќаат верба во човечкиот живот - рече Милутин Станчиќ, претседател на Културно - информативен центар на Србите во Македонија СПОНА.

На концертот беа претежно членови на навивачката група Делии, изостанаа првите луѓе на политичките партии на Србите во Македонија и Куманово.