Мени

Ден на жалост во Македонија

14.07.2014 07:47 | KumanovoNews

Македонија денеска жали поради изгубените четири животи во хеликоптерската несреќа.

Ден на жалост во Македонија

Пилотите на МВР Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички загинааа во саботата во близина на Струмица, кога нивниот хеликоптер удри во антенски столб.

 Одлуката, понеделник да биде ден на жалост на територијата на Република Македонија ја донесе Владата.

Кумановецот Марјан Трајковиќ беше погребан вчера, додека Мицев, Орешков и Лопатички ќе бидат погребани денеска во Скопје.