Мени

Денес се слави Петковден

27.10.2011 12:54 | KumanovoNews

 Православните верници денес ја слават Света Петка. Празникот кој за многу семејства претставува семејна слава се одбележува денес како Петковден.

Денес се слави Петковден

Именден денес празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка ...

Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Петковден како домашен празник со служби посветени на Св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број кумановски семејства.