Мени

Денеска е Интернационален ден на планината

11.12.2012 13:23 | KumanovoNews

 Со одлука на Собранието на обединети нации од 2003 година па наваму се одбележува денешниот ден како Меѓународен ден на планина.

Денеска е Интернационален ден на планината

По тој повод на 9 декември Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ спроведе повеќе активности на покана на Федерацијата на планинарски спортови.

- Го одбележавме денот со повеќе активности, со пешачка тура од ОУ “Кочо Рацин“ на Водно до планинарски дом Матка во должина од 18 км. Вториот дел беше пешачење по манастирите на Матка од три часа, и посета на пештера Врело и заеднички ручек во планинарски дом Матка со планинари од Србија,Бугарија и Македонија - рече Мартин Величковски, секретар на Спортско рекреативен клуб “Којзак“.

Овој клуб годината ја завршува со позитивни резултати на спортски и рекреативен план.