Мени

Денеска е Меѓународниот ден на среќата

20.03.2014 14:58 | KumanovoNews

20 март е Меѓународниот ден на среќата и по тој повод ги прашавме кумановци што за нив претставува среќа и што ги прави среќни.

Денеска е Меѓународниот ден на среќата

За едни тоа е материјална стабилност, за други благосостојба во домот, здравје, успех.

Кој има пари, убав живот, среден, среќен е. Прво најважно е да е човек жив и здрав, исто децата, фамилијата. Да завршат факултет и да се одомат. Некои луѓе имаат среќа повеќе, некои немаат - вели Гордица Спасовска, граѓанин.

Граѓаните  кои се социјално загрозени се жалат дека без денар во џеб не можат да се чувствуваат среќни и спокојни.

 Кој има пари, услови ќе си живее убаво. Кој нема за леб не може да биде среќен. Јас сум невработена и мојот сопруг е без работа 5 години и тоа многу не оптоварува - рече граѓанка.

Психологот Оливера Стојанова вели дека најважно е како човекот ќе се насочи, а парите не се пресудни за среќен живот.

Јас денеска на фејсбук прочитав дека е Меѓународен ден на среќата и си поставив задача да ми биде денот среќен. Внатрешно треба човекот да “зрачи“, да има позитивен став  иако некои надворешни околности влијаат. Материјалните средства се основа за нормален живот, но не се предуслов за среќа, но и во тешка сиромаштија тешко дека човек ќе биде среќен - вели Стојанова.

Таа објаснува дека духовните вредности, семејството, пријателите, успехот на работа, во училиште се фактори кои можат човекот да го направат исполнет и среќен.