Денеска е Светскиот ден на здравјето
07.04.2013 11:56
| KumanovoNews
На денешен ден е основана Светската здравствена организација и по тој повод се одбележува Светксиот ден на здравјето.
Светската здравствена организација (СЗО) во 1948 година на своето прво собрание одлучи 7 април да биде прогласен за Светски ден на здравјето, а од 1950 година денот се одбележува секоја година.
Оваа година Светскиот ден на здравјето е посветен на хипертензијата која е една од најчестите причини за смртност на населението. Во Македонија скоро половина од возрасните страдаат од висок крвен притисок.
Активностите за одбележување на овој ден завршија деновиве бидејќи денеска е неработен ден и се спроведуваат избори.