Денеска се слави Голема Богородица
28.08.2013 09:18
| KumanovoNews
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.
Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август постариот календар, или 15 август по новиот календар.
Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава. Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја православната, католичката, источата и коптската.
Пред празникот се пости 14 дена.