Денот на настава на турски јазик неработен за Турците
20.12.2013 09:34
| KumanovoNews
Утре се одбележува Ден на настава на турски јазик и по тој повод турската етничка заедница нема да работи.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 21 декември 2013 година (сабота), Денот на наставата на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.