Денови на мед по 14 пат
25.09.2013 08:40
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад наредните три дена ќе се оддржи традиционалната саемска манифестација “Денови на мед 2013 Куманово“.
Свеченото отварање ќе биде во 10 часот со поздравен говор на градоначалникот , а ќе следува и културно-уметничка програма. Потоа ќе следи разгледување на саемот и во 11.30 часот ќе има состанок со гостите во просториите на пчеларското здружение “Пчела„. Во 12 часот ќе се одржи трибина на тема “Пчеларење во екстремно лоши услови“, а презентер ќе биде Зоран Станковски.
Саемот ќе се затвори во сабота во 15 часот.
Здружението на пчелари “Пчела“ овој саем го организира по 14 - ти пат.