Денови на медот за Благовец
На Градскиот плоштад денеска и утре пчеларите продаваат мед и пчелни производи, по повод престојниот празник Благовец, кој се одбележува во недела.
Изложбата трета година по ред ја организира Плечарска задруга “Ку-мед Куманово“ со цел да им се покаже на граѓаните дека и во кумановско се произведува квалитетен еко мед.
Ги повикувам сите граѓани од Куманово да дојдат да си купат мед. Ова е органски, еколошки мед, чист и треба граѓаните да знаат дека пчеларите наши имаат добар мед. Имаме девет членови во задругата, наскоро бројот ќе се зголеми - вели Милорад Арсовски, член на Пчеларска задруга.
На изложбата тезги поставија шест пчелари. Тие на муштериите им објаснуваат дека медот има многу благодети.
Пчелите ми се во село Челопек на 20 км од овдека. Заедно со брат ми имаме 250 сандаци. Годишно може да се добие од 5 па до 60 килограми мед по кошница. Зависи од многу фактори, пред се од временски услови - рече Драгиша Стошевски, пчелар.
Тој објаснува дека медот е храна и лек, и затоа треба да биде присутен во секојдневната исхрана.