Мени

Ѓорѓиевски: Индустриските капацитети треба да се прошират

13.03.2013 14:21 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник од ВМРО - ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска посети фирма која се занимава со производство на чевли.

Ѓорѓиевски: Индустриските капацитети треба да се прошират

При тоа рече дека освен барање на нови инвеститори, треба и постоечките индустриски капацитети да се зајакнат и развиваат што ќе придонесе за намалување на невработеноста во Куманово.

 Економскиот развој на Куманово ќе ни биде еден од главните приоритети. Покрај тоа што сме заинтересирани за барање на инвеститори за технолошко - развојната зона, која многу ќе значи за овој град, сепак и оние наши постојни капацитети со кои сме најпрепознатливи во Македонија, исто ни се приоритетни. Потребно е проширување, зајакнување, подобар пласман. Во тој правец сите фирми кои значат нешто се на листа на оние на кои ќе им посветиме посебно внимание. Разговаравме за нивните проблеми, кои ги имаат и каде ние како локална самоуправа можеме да им излеземе во пресрет. Изготвен е предлог - закон во кој сите ќе можат да се најдат за развивање на мали и средни претпријатија во големи фирми - изјави Ѓорѓиевски.

Тој денеска ги посети Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување и Центарот за социјални работи.