Ѓорѓиевски: Сами одлучувате за својата судбина
Зоран Ѓорѓиевски, кандидат за пратеник од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и сами да одлучат за својата судбина.
Тој вели дека партиската програма за нив е Библија, а доколку има можност ќе бидат реализирани и работи кои не биле ветени во интерес на граѓаните.
Се подготвува за Македонија едно сценарио, сценарио кое граѓаните на Куманово минатата година го видоа. Граѓани на Куманово, мои почитувани кумановци да не ја повториме грешката, да излеземе што помасовно во што поголем број бидејќи народот ја има силата да одлучува каква ќе му биде иднината во следните четири години на тој ден. Најдете време, најдете храброст, препознајте ја вистинската опција, дајте го својот глас за Ѓорѓе Иванов под број 1 и за опцијата која нуди живот, просперитет на Куманово, на Македонија, на сите наши поколенија кои доаѓаат по нас - изјави Ѓорѓиевски.
Тој на граѓаните им порача да гласаат за најдобрата опција под реден број 5 со носителот на листа, Гордана Јанкулоска.