Доброшане и Долно Којнаре без вода
13.02.2013 08:47
| KumanovoNews
Без вода за пиење, утрово се жителите на населба Доброшане, Долно Којнаре, две улици во градот и плоштадот Нова Југославија.
Вода немаат станарите од улиците “Вардарска“ и “Гоце Делчев“. Прекините се предизвикани од дефекти на водоводните цевки и набрзо ќе бидат санирани од вработени во ЈП“Водовод“.
Во другите делови на градот нема прекини во снабдувањето со вода.