Доброшане и пет улици немаат вода
25.12.2012 09:26
| KumanovoNews
Населбата Доброшане и пет улици во градот и околните населби немаат вода.
Утрово вода немаат домаќинствата кои живеат на улиците “Гоце Делчев“, “Правда Спасовска“, “Михајло Пупин“ и улиците “110“ во населба Карпош, како и “Анѓа Ранковиќ“ во населбата Перо Чичо. Водоснабдувањето е прекинато поради дефекти на водоводните цевки.
Екипите на ЈП“Водовод“ работат на санирање на дефектите. Се очекува за неколку часа на овие локации снабдувањето со вода да се нормализира.