Дополнителните часови без посебен ефект
Дополнителната настава не ги дава очекуваните резултати, покажало истражувањето што недамна било спроведено во основните училишта во државата на тема „Деца со потешкотии во напредување и организација на дополнителна настава“.
Резултатите денеска беа презентирани пред директорите на основните училишта во Куманово, при што беше истакнато дека за тоа придонеле повеќе причини.
Од денешните излагања произлегува дека има голем проблеми во образовниот систем, пред се преоптовареност на децата со многу предмети, тежок матерјал, несоодветни просторни услови, различен социјален статус на децата. Тоа се глобални проблеми кои поединечно треба да се решаваат. Во моето училиште редовно се организираат часови за дополнителна настава. Ефектите се некаде позначајни, некаде послаби, меѓутоа како практичар од одделенска настава можам да кажам дека без дополнителна, одделенската настава не функционира - изјави Лидија Костиќ, директор на ОУ“Христијан Карпош“.
Просветарите сметаат дека во натамошниот период треба да се реши прашањето со дополнителанта настава пред се дали ќе организира по избор на наставниците или како досега да се одработува како задолжителен час. Најмногу потреба од дополнителни часови има по предметите математика, странски јазик и природни науки, а покрај слабите учениците се препорачува на часовите да доаѓаат сите ученици кои имаат проблем со совладување на матерјалот.