Дошле да се запишат - рокот за упис одложен
21.08.2014 12:30
| KumanovoNews
Голем број ученици денеска дошле во средните училишта со намера да се запишат незнаејќи дека рокот за упис е одложен.
Во конкурот беше предвидено вториот уписен рок да биде на 21, но тој ќе се одржи на 25 август.
“Дојдоа ученици со родители, но ние ги вративме и им кажавме дека од Министерство за образование добивме допис дека уписот ќе биде на 25 август. Тие имаа разбирање и си заминаа. На сите соопштенија што ни беа истакнати за упис корегиравме и стоеше датумот 25 “ - изјави Мила Жибак од “Перо Наков“.
Од Министерството за образование објаснуваат дека заради полагање на државна маутра во августовска сесија е поместен вториот уписен рок.
Документи ќе се примаат во понеделник на 25, а резултати од уписот ќе има во вторник.