Мени

Драган Зафировски од Стрезовце го фати крстот во Драгоманце

21.01.2013 13:04 | KumanovoNews

 Драган Зафировски (25) од село Стрезовце го фати светиот крст на Водици во водите на реката Пчиња во селото Драгоманце .

Драган Зафировски од Стрезовце го фати крстот во Драгоманце

Ова е среќен ден за мене и голема желба што ми се оствари. Очекувам оваа година да ми донесе здравје, среќа и радост. Денеска ми е роденден и ова ми е најдраг подарок - рече Зафировски.

Од градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ тој доби ЛЦД телевизор, а другите 12 учесници добија подароци од локалната самоуправа. На Водици се оддржа молитва и беа осветени водите на реката Пчиња во присуство на месното население, гости од Македонија и соседна Србија. Централната прослава се одржа на мостот на реката Пчиња во с. Драгоманце, во организација на Црковен Одбор на црквата Св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане и градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.