Мени

ДРОМ со мониторинг за трошењето на парите од општинскиот буџет

30.07.2014 09:48 | KumanovoNews

Центарот за ромска заедница ДРОМ почнувајќи од месецов ќе го мониторира трошењето на пари од буџетот на општина Куманово како дел од проектот “Коалиција за буџетски мониторинг“ финансиран од Европската Унија.

ДРОМ со мониторинг за трошењето на парите од општинскиот буџет

Целта на проектот е да се подобри буџетската транспарентност и отчетност, да се зголеми улогата на граѓаните и граѓанските организации во носење одлуки каде да се потрошат јавните пари. Организациите вклучени во проектот поминаа обука за буџетска транспарентност и тие ќе изготвуваат месечни и квартални извештаи за што ќе прават презентации во поголемите општини.

Мониторингот на 80 општини ќе го вршат 10 граѓански организации.