Дружењето ќе ги победи предрасудите кај младите
Преку заеднички проекти и неформални дружења организирани од надлежните институции можат да се надминат предрасудите и разликите меѓу учениците.
Ова беше еден од заклучоците на распрвата за можностите за зближување на ученици од различни етнички заедници, на која дебатираа претставници од општината,училиштата и невладиниот сектор.
Сегрегацијата на самите просторни објекти доведе до разединување на учениците. Потребно е заеднички да работат на активности кои ќе ги зближат меѓусебе. Освен формални проекти од областа на образованието,потребна е и неформална комуникација, подгината на ниво на институции кои ќе придонесат за подигнување на степенот на мултикултурата"-вели Гордана Бошков, учесник во конференцијата.
Конференција на тема "Мултикултурен триаголник" е дел од проектот "Активно граѓанство за меѓуетничка соработка", кој се реализира со поддршка на УНДП во рамките на програмата на Обединетите Нации "Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и комуникација„. .