Мени

Државата помага за подигање на лозја и овоштарници

20.05.2014 07:52 | KumanovoNews

Земјоделците до јули месец можат да аплицираат за добивање на помош за подигање на нови лозја и овоштарници или за модернизација на постоечките.

Државата помага за подигање на лозја и овоштарници

Тие можат да ги модернизираат површините со лозје и овошки подигнати во период од 1 јануари до 1 април годинава или да аплицираат за добивање на средства за подигање на вакви насади од 1 септември до 31 декември.

На земјоделците ќе им бидат рефундирани половина од парите кои ги вложиле за подигање или модернизација на насадите. Повеќе информации заинтересираните можат да добијат во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.