Мени

Дваесетина културни настани ќе финансира државата во Центарот за култура

24.01.2013 09:34 | KumanovoNews

 Министерството за култура ќе финансира дваесетина културни настани, кои ќе се оддржат годинава во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ .

Дваесетина културни настани ќе финансира државата во Центарот за култура

Со поддршка од државата ќе бидат реализирани десет изложби, четири претстави од кои две на македонски, две на албански јазик, една музичка вечер, три концерти и цд “Тоска“.

 Ќе се одржи семинар за изучување на народни изворни инструменти, концерт и ЦД на Фолклорниот анасмбл „Тоска“. Вечер со музиката на Трајко Прокопиев, концерт на виолинистот Даниел Лазаровски, концерт на фламенко - гитаристот Томислав Нешковски. Во програмата се ставени претставите “Ожалостена фамилија“, “ Тања, Тања“ на македонски јазик, “Сите мои синови“, “Лаги за лаги“ на албански јазик. Од изложбите тука спаѓаат Кумановски графичари 2013, три изложби “Скулптури на новото време“, самостојна изложба на Анка Данаиловска, изложба на Владимир Темков, меѓународна изложба на фотографија “Куманово 2013“, самостојни изложби на Новица Трајковски, Павлина Спасова, како и на Симона Јакимовска - велат од Центарот за култура.

Министерството за култура ќе го финансира и меѓународниот фестивал “Денови на комедија“. Бројката на поддржани проекти е слична како и претходната година.