Двајца кумановци на Школа за млади лидери
Двајца кумановци се дел од Школата за млади лидери која четврта година по ред се оддржува на иницијатива на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Школата почна на 19 и ќе трае до 31 август, а се реализира во Охрид.
Школата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети, и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Програмата опфаќа предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент - симулации и практични лидерски вежби - велат организаторите.
Оваа година дел од Школата за млади лидери се 40 луѓе.
Во изминатите три години учествуваа 115 млади луѓе и 70 предавачи, меѓу кои амбасадори, функционери од Европската Унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании, професори од реномирани светски универзитети.
Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение што е доказ дека се работи за жив проект, од кој постојано произлегуваат нови идеи и иницијативи.