Мени

Двајца кумановци шверцувале 2 илјади парчиња петарди

19.12.2012 14:12 | KumanovoNews

Полицијата пронашла околу 2000 парчиња петарди, кои биле наменети за продавање, кај двајца кумановци. 

Двајца кумановци шверцувале 2 илјади парчиња петарди

Во првиот случај, петардите биле најдени во возилото на Е.К.(27) од Куманово, на  ул.„Октомвриска револуција“. При преглед над принајдени 1.119 парчиња петарди различни видови, кои  што ги набавил од непознато лице на Бит Пазар во Скопје.

При претрес во домот на Д.М.(29) од Средорек, пронајдени 780 парчиња петарди различни видови.

Двајцата кумановци ќе одговараат за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.