Мени

Две крводарителски акции до петок

20.03.2013 09:59 | KumanovoNews

 Црвен Крст Куманово во наредните два дена организира две крводарителски акции.

Две крводарителски акции до петок

Утре крв ќе даруваат учениците од СОУ “Наце Буѓони“ од 9 до 13 часот. Оваа пролетна акција  е традиционална и се прави со години.

Во петок од 10 до 14 часот симпатизери и членови на ДОМ ќе даруваат крв во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“. Оваа акција се организира за првпат.