Две улици без вода
14.01.2013 09:27
| KumanovoNews
Вода за пиење утринава немаат домаќинствата на две улици во централното градско подрачје.
Без вода се граѓаните кои живеат на улиците “Милан Лисица“ и “Благој Илиев - Гуне“. Од ЈП“Водовод“ велат дека нивни вработени веќе се на терен и работат на санирање на дефектите на водоводните цевки. Станарите од овие две улици за неколку часа ќе добијат вода за пиење.