Мени

Е, тоа ти е удирање!

10.08.2011 09:45 | KumanovoNews

 Деновиве, семафорот на главната раскрсница кај ,,Митев мост‘‘ осамна кутнат и парчосан на троторатот.

Е, тоа ти е удирање!

Тоа ти е бапнување, нема што. Зихер некој ќор-пијан возач, бела мачка не гледал пред себе а не пак таму некаков црвен или зелен семафор - ќе помислите. Незнам! Тоа само Господ  и возачот си знајат (и веројатно полицијата). Знам само дека не е вест тоа што некој се судрил со семафор и парче го сторил. Вест е кога за еден ден или за една ноќ нема да биде соборен ниту еден семафор. А уште поголема вест во наши услови е надлежните веднаш да го поправат, да не лежи со денови во тревата на раскрсницата.