Мени

Една пријава до “Меѓаши“ од Куманово

04.02.2014 13:59 | KumanovoNews

Само еден случај на нарушување на правата на детето во Куманово е регистриран во текот на минатата година во Првата детска амбасада во светот “Меѓаши“.

Една пријава до “Меѓаши“ од Куманово

Се работи за дете на 14 годишна возраст, од македонска националност, кое живее во урбана средина. Мајката која е во бракоразводна постапка се пожали дека детето не сака да се гледа со таткото поради одредени непријатности иако тоа му е загарантирано со закон. Од наша страна се направени советодавни разговори со мајката по што е упатена да се обрати во Центарот за социјални работи и до Народниот правобранител - вели Јана Зенговска, психолог координатор на СОС линија во “Меѓаши“.

И во 2012 година од Куманово имало само една дојава до “Меѓаши“ од каде потврдуваат дека најголем дел од повиците се од Скопје, а од помалите градови добиваат по 2 - 3 дојави годишно.

Лани тие регистрирале на ниво на држава 279 повици со што повратно се обавени 969 разговори.