Мени

Едукација на матурантите за штетноста на алкохолот

14.05.2014 09:06 | KumanovoNews

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности „МОТУС“ деновиве во соработка со отсек  за превенција при СВР Куманово организира работилници на тема ,,Превенција од алкохолизам: алкохолот и неговото влијание врз организмот и однесувањето“.

Едукација на матурантите за штетноста на алкохолот

Работилниците се наменети за матурантите од осумте средни училишта во општините Куманово и Липково.

Целта на овие работилници е да се прати апел до матурантите за штетното влијание од алкохолот и последиците кои следат од злоупотребата на алкохолот во пресрет на матурските прослави, се со цел да се намали процентот на негативното влијание и можните катастрофални последици од неговата злоупотреба, за кои за жал се почесто сме сведоци во изминатиот период - изјави Мирољуб Голубовски, претседател на “МОТУС“.

Досега на работилниците присуствува: 30 матуранти од,,Киро Бурназ“, 32 матуранти од ,,Наце Буѓони“ и 44 матуранти од  Гимназија ,,Гоце Делчев“.