Eколошка акција во Проевце
“Бујрум“ Центарот за рурален развој, утре во Проевце организира голема еколошка акција за чистење на јавниот простор.
Акцијата има за цел да ја подигне еколошката свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина. Акцијата ќе има натпреварувачки карактер, а ќе учествуваат повеќе младински тимови. Оние кои ќе соберат најмногу смет, ќе бидат прогласени за победници и ќе добијат награда.
Во акцијата ќе се вклучат млади луѓе, ученици од кумановските училишта, домашни и меѓународни волонтери.
Акцијата е дел од проектот “Зачувување на уникатната природа - промоција на велосипедски туризам за поддршка на природата”, кој се реализира во рамки на ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Делот околу месната заедница во Проевце ќе се чисти од 16 до 19 часот.
Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и да дадат свој придонес за чиста и здрава животна средина.