Еколошка акција во Тоде Мендол
Екипи на ЈП „Чистота и зеленило„ и членови на СДСМ денеска чистеа во месната заедница Тоде Мендол.
Се чистеше паркот пред зградите кај некогашниот Мини Маркет, а истовремено се сечеа гранките на дрворедите по улиците.
Ние продолжуваме со нашата акција за почисто Куманово, денеска сме заедно со жителите од оваа населба. Ќе го исчистиме сметот што во текот на летото и есента се собираше. Доколку дозволи временските прилики и во наредниот период ќе продолжиме со овие акции- рече директорот Сашо Петрушевски.
На акцијата присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски.
Овој дел од градот беше еден од поурбаните во поранешниот систем, но сега е малку запуштена. Затоа денеска ставаме посебен акцент во средување на зелените површини, но и на асфалтирање на улиците. Ние даваме еднакви можности за сите граѓани и така ќе продолжиме.-изјави градоначалникот.
Градоначалникот најави дека во наредните денови ќе бидат пуштени во употреба улиците Васа Пелагиќ, Жикица Јовановиќ Шпанац и Благоја Иливе Гуне.