Мени

Економското училиште го прослави патронатот

14.11.2011 14:50 | KumanovoNews

 Средното економско училиште "Перо Наков" од Куманово,одбележа 66 години постоење.

Економското училиште го прослави патронатот

На денешната свеченост по повод патрониот празник беа истакнати успесите на училиштето во измината година, во образовниот процес и наставата.

"Учениците од ова училиште веќе една година користат модерна спортска сала, а од второто тромесечие од ова учебна година ги користат и придобивките од новоизградениот фитнес центар, единстевн во училиштата во Куманово. Постојано вложуваме и во едукација на наставниот кадар, а талентираните ученици се вклучуваат во различни проекти"-вели Момчило Антевски, директорот на училиштето.

На денешната прослава учествуваа и ученици и професори од збратимените училишта од Србија и Романија.Гостите се задоволни од сорбаотката со ова училиште, кое годинава учествуваше и во проектот за доквалификација на дефицитарни кадри од областа на чевларството.

Во "Перо Наков",настава посетуваат 1700 ученици на македонски и албански наставен јазик во еконосмка, кожарски и текстилна насока.