Екстерното тестирање без проблеми
Учениците деновиве ги полагаат екстерните тестови и се поминува во најдобар ред, тврдат наставниците.
Сите групи на ученици треба да завршат со екстерното тестирање до 6 јуни.
Тестирањето почнува и завршува навреме. Учениците се во две групи поделени. Учениците полагаат по два предмети. Сите ученици се присутни. Во почетокот не се отвара сликите по ликовно, имаше и повторување на прашања, односно едно прашање да го има двапати кај ист ученик. Сите забелешки ги пишуваме и ќе ги пратиме во Скопје - изјави Валентина Каранфиловиќ, администратор во Гимназија “Гоце Делчев“.
Учениците велат дека тестовите се потешки отколку што очекувале.
По предметот историја половина од прашањата беа за Албанија, нешто што не е во нашата програма. За Македонија имаше само 3-4 прашања. За билогија релативно беа лесни прашањата и тоа од помалку важни теми. Некои прашања бараат логичко размислување - вели Наталија Јакимовска, ученик во 3 година.
Според учениците, екстерното тестирање нема да покаже дали оценките се реални или не.