Електрoнски весник за патронатот на „Вук Караџиќ„
Учениците и наставниците од ОУ “Вук Караџиќ“ по повод патронатот кој се одбележува денеска, подготвија електронски весник насловен како “Вуков цвет“.
Ги има сите активности што се реализирани во училиштето, во текот на учебната година почнувајќи од еко - проектот, проектот за безбедни училишта и слично. Електронски весник првпат се прави кој досега излегуваше во печатена форма. Сметаме дека со оваа генерација на ученици, со новитетите ќе биде поинтересен. Во контиунуитет се прави “Вуков цвет“ од 1997 година, а можеби и порано. Мислевме дека ако го ставиме на нашата интернет страна ќе го видат многу луѓе - објаснува Надица Петковска, директор на училиштето.
ОУ“Вук Караџиќ“ слави 68 години постоење и моментално има 245 ученика. Петровска се надева дека миграцијата во овој дел од градот ќе запре и бројот на ученици ќе се зголеми.