Мени

Електронско тестирање во “11 Октомври“ и “Толи Зордумис“

20.12.2012 14:12 | KumanovoNews

 Основните училишта “11 Октомври“ и „Толи Зордумис„ се пилот училиштата каде се спроведува електронско екстерно тестирање.

Електронско тестирање во “11 Октомври“ и “Толи Зордумис“

Учениците од 4 до 8 одделение електронски ќе бидат тестирани денеска, утре, во понеделник и вторник, ќе одговараат на прашања од вкупно шест предмети.

 Едната група почна во 9.30 часот, а втората во 11.30 часот. Имаме тестери во училниците, се е подготвено, добро сме организирани. Нагледувач е просветниот инспектор Томе Спирковски. Ова е пробно тестирање и нема да влијае на полугодишните оценки, ниту ќе се рефлектира на наставниците. Има добра клима, децата се опуштени. Тие ќе ги покажат своите знаења по математика, хемија, географија, општество и слично. Утре имаме три термини - кажа Мерилин Стојчевска, директор на ОУ “11 Октомври“.

Со електронско екстерно тестирање ќе биде опфатено и ОУ “Толи Зордумис“.