“European Village” во Градската галерија
12.05.2011 07:28
| KumanovoNews
Во Градската галерија вечерва од 19 до 21 часот, ќе се одржи “European Village” со презентација на храна, музика, традиционални игри и ора од 10 различни држави.
На настанот ќе презентираат Германија, Велика Британија, Полска, Словенија, Малта, Грчка, Бугарија, Италија, Финска, Франција и други.
Презентациите на различни култури ќе ги вршат волонтери од Куманово и ЕУ земјите.
„European Village” се организира во рамките на “Недела на Европа” 9-15 мај 2011, по повод прослава на Денот на Европа, од Здружение Центар за меѓукултурен дијалог и ЕУ Инфо Точка при општина Куманово. Мото на овој настан е “Мисли Европски, делувај локално„