Мени

ЕВН копа во центарот на градот

01.08.2013 08:23 | KumanovoNews

 ЕВН гo прекопува асфалтот на тротоарите и улиците во централното градско подрачје, заради замена на електрични кабли.

ЕВН копа во центарот на градот

Работници со градежна механизација последниве денови интензивно работат на улиците Народна Револуција и булеварот Трета МУБ.

Секторот за урбанизам и комунални дејности издаде одоберние за прекоп на улиците за поставување на подземна инфраструктура на ЕВН. Секторот за инспекциски надзор ја следи постојната градба и доколку не се почитува издаденото одобрение ќе бидат стопирани. Нивната обрска согласно законот е по завршување на градежните работи прекопаните улици ги вратат во првобитна состојба.- вели Лидија Ланг Спасовска раководителе во секторот за урбанизам.

Граѓаните реагираат што се раскопува она што веќе е направено,  бидејќи сметаат дека никогаш нема да се врати во првобитната состојба.

Незнам кој копа, но ова е уништување на јавното добро. Само на оваа улица и тротоар немаше крпеници, сега и тука ископаа. Иако имаат обврска да поправат, но тоа никогаш нема да биде исто. Не работат квалитено и не ги пополнуваат убаво дупките, па крпеницата пропаѓа за неколку сантиметри и се создаваат нерамнини на асфалтот од кои кршиме нозе и коли-реагираат граѓаните.

Од општината велат дека доколку оштетувањата на асфалтот не се врата во првобитната состојба инспекциските служби ќе ги казнат инвеститорите.

Во градот на повеќе локации има дупки и прекопи кои со месеци стојат а никој не ги поправа.