Мени

Европски проекти за човекови права

15.03.2013 14:35 | KumanovoNews

 Општината Куманово денеска оддржа презентација на која беше објаснето како невладините организации можат да аплицираат со проекти од областа на човековите права и владеење на правото до Европскиот инструмент за човекови права и демократија.

Европски проекти за човекови права

Тука сме да го претставиме повикот за граѓанскиот сектор од овој регион, средствата кои се достапни, правилата, буџетот за аплицирање. Секоја година постои предлог, опфатени се сите организации од Македонија, од ЕУ и од земји како Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Како што кажав, ние секоја година објавуваме повик за предлози, сите се веќе информирани. Повикот најчесто е насочен кон организациите од невладиниот сектор. Секако има добри и не толку добри предлози, но генерално сите се информирани - објаснува Александро Анѓус, менаџер во Европски инструмент за човекови права и демократија.

На презентацијата беа повикани 40 невладини организации од кои десетина присуствуваа на настанот. Рокот за аплицирање за проекти е 12 април.