Фармерите да ги ажуриираат регистрите
До 15 март годинава фармерите имаат обврска да ги ажурираат фарм регистрите за да им бидат соодветно исплатени субвенциите за 2014 година.
Ги известуваме сите земјоделци што имаат промени во нивните капацитети да ги пријавуваат уписите и промените во единствениот регистар на земјоделски стопанства во подрачна единица на Министерство за земјоделство и тоа до 15 март. Странките што имаат парцели со договор или под концесија треба дигитално да ги исцртаат. Од 16 почнува програмата, тие ќе можат да пријавуваат и понатаму, но не ќе можат да бидат ажурирани во директни плаќања за исплата - изјави Насер Даути, раководител на подрачна единица на Министерство за земјоделство.
Фармерите за добивање на субвенции треба да ги подмират долговите за водарина и пашарина.